Германскиот шампион нема намера да го носи Роналдо на „Алијанц арената“

Германскиот шампион Баерн Минхен ја отфрли можноста во зимскиот преоден рок да се засили со Кристијано Роналдо.

Португалецот непосредно пред стартот на Светското првенство во Катар доби раскин на договорот со Манчестер јунајтед, и тоа откако во јавноста беше емитувано интервју со познатиот англиски новинар Пирс Морган. Во интервјуто Роналдо не го штедеше англискиот тим, изјави дека не ги почитува управата, тренерот Ерик тен Хаг и соиграчите, што беше причина за раскин на договорот.

Откако стана слободен играч, Роналдо се споменуваше како засилување за доста екипи, меѓу кои и Баерн Минхен. Сепак, Баварците немаат намера да го донесат Роналдо на „Алијанц арената“.

„Можам да ја отфрлам можноста за ангажирање на Роналдо. Размислувавме за таа опција, сите го сакаме, но нашата стратегија е поинаква. Имаме јасна идеја и филозофија како треба да функционира нашиот тим“, изјави претседателот на Баерн Минхен, Оливер Кан.

Роналдо во моментов е единствениот фудбалер без клуб кој игра на Светското првенство во Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести