Германскиот второлигаш објави нереални бројки, на домашен терен имаа повеќе од милион навивачи

Шалке 04 е еден од најголемите клубови во Германија, но поради финансиски проблеми и лошите резултати, испадна во втора лига, популарната Цвајте. Сезонава Шалке се обиде да се врати во елитното друштво, но не успеа.

Сепак, тоа што го направи Шалке, односно неговите навивачи е неверојатно. Клубот од Гелзенкирхен објави дека сезонава на 17 средби на домашен терен вкупно ги следеле над еден милион навивачи.

„На домашен терен сезонава вкупна посетеност имавме над еден милион фанови, односно точно 1.045.465 гледачи. Тоа е просек од 61.502 гледачи по меч, што е најголема забележана посетеност на тим кој игра во втора лига, каде било и кога било“, стои во пораката од Шалке.

Капацитетот на „Велтинс арена“ е 62.271 гледачи, што значи дека во текот на целата сезона капцитетот беше речиси целосно исполнет.

И покрај големата поддршка од трибините, Шалке немаше добра сезона, па на две кола до крајот е на 10-тото место на табелата само 43 бода, без никакви шанси да се надева дека може да се врати во елитното друштво.

Во својата богата кариера Шалке седум пати бил првак на Германија, но последен пат на шампионскиот трофеј овој клуб се радувал во далечната 1958 година.

- Оглас -

Најнови вести