Германските умови се покажаа како најдобри во ЛШ

Баерн Минхен и Челзи вчера како последни екипи го обезбедија своето место во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Со нивниот пласман во топ 8 фазата, се случи историја во најелитното континентално клупско натпреварување во Европа.

Имено, првпат се случува четворица стратези од Германија да предводат екипи до четвртфиналната фаза. Флик со Баерн и Тухел со Челзи им се приклучија на Клоп и Терзиќ, тренерите на Ливерпул и Дортмунд, меѓу осумте најдобри екипи на Стариот Континент.

Дури четири умови од земјата на четирикратниот светски шампион водат битка за завршницата од Лигата на шампионите. Уште утре ќе се дознаат паровите, па нема да биде изненадување доколку некои тренери со германско потекло наидат на меѓусебен двомеч.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести