Германците ќе почнат први – Познат виролог вели може да се игра фудбал во мај

Александер Кекуле е познат виролог од Германија и ги охрабри сите што ја сакаат најважната споредна работа на светот со изјава дека фудбал може да се игра во мај.

Бундеслигата би можела да продолжи во петтиот месец од годината, но во посебни услови и со почитување на строги мерки.

„Би требало да има околу 20 илјади тестови за Коронавирус за сите фудбалери и луѓе што се неопходни за да се одиграат мечевите во Бундеслигата. Секако присуство на публика е исклучено, а и играчите ќе мораат по и пред натпреварите да се придржуваат кон мерките што важат за сите граѓани на Германија во услови на епидемијата“, вели директорот на Универзитетскиот здравствен ценатр во Хале.

Кекуле е признат епидемиолог и додава дека за да успее проектот фудбалерите ќе мора многу да внимаваат за да не им се загрози здравјето, но оптимизам постои дека Бундеслигата ќе се игра во мај и првенството ќе заврши.

Како најава дека Германците се сериозни да го спроведат проектот е и веста што ја објави Баерн, дека од утре шампионот ќе почне со тренинзи на отворено.

Баварците се и оидери на табелата со 55 бода на девет кола до крајот на германското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести