Германија ја победи Шпанија со 34-32 во дербито на вечерта на ракометното Европско првенство, а овој триумф е двојно вреден затоа што ја носи Германија на прво место во групата А и во следната фаза ќе пренесат два бода.
Победата на Германците значи и дека Србија испаѓа од ЕП, додека Шпанија која оди во втората рунда од оваа група како второпласирана, ќе тргне без бод во следната фаза.
После второто коло и победата на Србија над Германија се чинеше дека Србите одат понатаму, но нивниот кикс со Австрија скапо го платија со рано заминување дома, а на Шпанците победите во првите две кола не им беа доволни за прво место бидејќи во клучниот меч беа поразени. Шпанија можеше и да испадне ако Србија ја победеше Австрија, па ова е на некој начин делумна награда за Црвената фурија.

