Ги „прелета“ двата болиди на Мерцедес и ќе стартува прв во Абу Даби

Макс Верстапен направи изненадување и успеа да стигне до пол позицијата на последната трка во Формула 1 за оваа сезона, на патеката во Абу Даби. Возачот на Ред Бул буквално во последните секунди успеа да извозе побрзо од двата возачи на Мерцедес кои беа големи фаворити за челните две позиции.

На крајот, веднаш до Верстапен се позиционираше Ботас, додека актуелниот шампион Луис Хамилтон ќе стартува веднаш зад најбрзиот. Во 2020 година ова беше прва пол позиција за било кој пилот што вози друг мотор освен Мерцедес . Болидите на Ред Бул се на погон на Хонда.

Ботас .Ред Бул

- Оглас -

Најнови вести