Леброн Џејмс е јунакот на вечерта во НБА плејофот (Видео)

Најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс, имаше уште една незаборавна плејоф вечер, со неколку свои потези му донесе победа на ЛА Лејкерс против Хјустон за водство од 3-0 во оваа серија.

Лејкерси победија со 112-108 по продолжение од пет минути. На 30 секунди до крајот на регуларниот дел, Хјустон имаше предност од шест поени и тргна во напад, но брзо ја загубија топката и направија фаул при шут за тројка и примија три поени од линијата за слободни фрлања. Ракетите повторно имаа напад, овојпат на плус три, а тогаш Џејмс ја украде топката и неколку секунди подоцна погоди тројка за изедначување. Хјустон имаше и трета шанса за победа, но Турчинот Шенѓун не даде кош.

Кај Езерџиите ги немаше Лука Дончиќ и Остон Ривс, но тоа беше покриено од 41-годишниот Џејмс кој заврши со 29 поени и 13 скока, и Маркус Смарт кој имаше 21 поен (8 во продолжението), 10 асистенции и пет украдени топки. Во отсуство на Кевин Дурант, кај Хјустон најефикасен беше Алперен Шенѓун со 33 поени.

На гости победија и Бостон и Сан Антонио. Селтикс предводени од Џејсон Тејтум и Џејлен Браун кои дадоа по 25 поени, славеа во Филаделфија со 108-100, за предност од 3-0 во победи, додека Спарс поведе 2-1 против Портланд, откако со 120-108 го доби третиот меч и тоа без главниот играч Виктор Вембањама. Половина од поените на Сан Антонио ги постигнаа Стефон Кесл (33) и Дилан Харпер (27).

- Оглас -

Најнови вести