Ги сардисаа Ренџерите од Глазгов – Славија се жали до УЕФА, Селтик одбива да им приреди шампионски шпалир

Ренџерите од Глазгов се сардисани од сите страни по елиминацијата оа Европа Лигата и веројатно ги чека и истрага од УЕФА, па и евентуална казна за неспортски однос и инцидент по завршувањето на натпреварот со Славија Прага, а сега и Селтик им најави дека нема да ги поздрават со вообичаениот шампионски шпалир задутре на „Олд-фирм“ дербито.

Славија објави шесминутно видео од реваншот во Глазгов, што го доби со 2:0 и го елиминира Ренџерс, а Чесите се жалат на некоректен однос на домаќините.

Во соопштение што го објавија на својата клупска страна наведуваат дека играчите на Глазгов Ренџерс го малтретирале голманот Андреј Колар и дури и физички го нападнале во соблекувалната по мечот.

Колар беше повреден и на терен по страотниот старт на Кемар Руфи, директно со копачка в лице, по што играчот на Глазгов Ренџерс беше исклучен.

Гостите долго време останаа на теренот и како што соопштија им било забрането да заминат во соблекувалната, па дури по реакцијата на полицијата заминале од теренот.

Објавија и видео на Инстаграм во траење од шест минути со наслов „УЕФА треба да го види ова“ и секако упатија и официјална жалба до европската куќа на фудбалот.

Глазгов е веќе нов шампион на Шкотска, но вечниот ривал Селтик им најави дека нема да ги дочека шампионски на „Олд-Фирм“ дербито што ќе се игра во недела.

Вообичаено е при првиот следен меч откако ќе се освои титулата, ривалот да им приреди почесен шпалир на шампионите, но Селтик нема да го стори тоа во недела.

 

- Оглас -

Најнови вести