Со копачка в лице направи брутален фаул за во затвор, па уште се бунеше (Видео)

Ако има дилеми околу тоа кој е најубав гол постигнат годинава, тогаш за најгруб фаул, ова што се случи завчера во Турција нема конкуренција. Првото место треба да му припадне на Озер Оздемир од Денизлиспор. Тој со кунг-фу потег го разнесе Бразилецот Жуниор Марањао од Газијантеп, и му се извини, но по добивањето на црвен картон, се бунеше зошто е исклучен.

Судијата за овој фаул за кој во жаргон се вели дека треба да оди во затвор поради обид за убиство, покажа црвен картон, а Оздемир требаше да се свести дека за забивање копачка в лице на противник нема поблага казна.

- Оглас -

Најнови вести