Гигантите извисија: Ансу Фати се сели во Лондон и ќе игра за премиерлигашката сензација

Шпанскиот репрезентативец Ансу Фати претстојната сезона ќе ја игра на позајмица во Брајтон, објави новинарот Фабрицио Романо.

Барселона се согласи да го испрати Фати на позајмица во Брајтон до јуни 2024 година, по што фудбалерот ќе се врати на „Камп ноу“ бидејќи во договорот меѓу двата тима нема клаузула за откуп на договорот.

Брајтон исто така се согласил да покрие поголем дел од платата на Фати, кој пак го избрал премиерлигашот поради менаџерот Роберто де Зерби.

Фати беше најавуван како наследник на Лионел Меси, одлично тргна, но минатата сезона повредите го оддалечија од терените. Сезонава Фати го загуби местото во првиот тим на Барселона, по што одлучи да замине на едногодишна позајмица, каде што ќе игра редовно.

Иако голем интерес за него пројавуваа лондонските гиганти Арсенал, Тотенхем и Челзи, шпанскиот репрезентативец ја прифати понудата на Брајтон, кој беше вистинска сензација минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести