Гигс: Ги мразев сите фудбалери на Арсенал

Постојаните битки за трофеи во Англија, предизвикуваа огромен прититок и ривалство помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал во времето кога на нивните клупи седеа менаџерите Алекс Фергусон односно Арсен Венгер. Мечевите често беа на раб на инцидент, а имаше и повремени инциденти на терен или во тунелот кон соблекувалните.

Не само што не се сакавме, туку фудбалерите и се мразеа меѓусебе, се присетува Рајан Гогс, легендата на „црвените ѓаволи“, а сега предводник на велшката репрезентација.

„Не го сакав Арсенал. Не го сакав Виеира бидејќи играше нечисто и би се извлекол дури и да направеше убиство. Не го сакав Пети бидејќи имаше долга коса. Не ги сакав ниту Бергкамп, ниту Пирес, иако кога ќе го сретнам тој е фин. Тогаш не сакав ни да ги видам, ниту сакав да се запознаам со нив. Не си дозволував да ценам било кого од нив. А, јас всушност и не сум таква личност, тоа како да не бев јас. Но, такви беа времињата, моравте да ги мразите. Тоа беше чиста мотивација, а длабоко во себе знаевме дека се врвни противници. Во тоа време, ривалството со Арсенал беше подлабоко од тоа со Ливерпул“ – рече Гигс.

- Оглас -

Најнови вести