Гледач избркан од трибините на Индијан Велс (Видео)

Данил Медведев е во фокусот на Мастерс турнир Индијан Велс затоа што со освојување на трофејот, рускиот тенисер ќе го симне Новак Ѓоковиќ од првата позиција на АТП-листата. Додека Медведев се фокусира на освојување на тронот, на еден друг меч од овој турнир во САД се случи неочекуван инцидент.

Неодговорен гледач мораше предвреме да си замине од дуелот меѓу Каспер Руд и Лојд Харис откако холандскиот тенисер се пожали дека константно добива провокации од трибините. По интервенција на Руд, главниот судија побара редарите да го исфрлат гледачот.

На крајот Руд успеа да се сконцентрира и го доби дуелот со 6:7, 6:4, 6:4.

 

- Оглас -

Најнови вести