Глупоста на Зума ги удри јако и Чеканите – Им откажа еден од спонзорите, а „Адидас“ го „шутна“ тепачот на животни (Фото)

Срамниот потег на Курт Зума повлече лавина реакции и од спонзорите, и негови и на Вест хем, па има и откажувања за случајот со шутирањето на мачката на фудбалерот на Чеканите.

Еден од спонзорите на тимот од Лондон, фирмата „Виталити“ го прекина спонзорскиот договор со популарните Чекани.

Вест хем трпи критики и за потегот што се смета за неодговорен и несоодветен на клуб од Премиер лигата, а причината е што вчера и покрај скандалот што го приреди Зума, го стави во стартниот состав за мечот со Ватфорд.

Зума е под истрага, што ја покрена Здржението за заштита на животни, а веќе трпи и сериозни финансиски последици.

Вест хем го казни со 250 илјади фунти, или половина месечна плата, а сега му откажа и „Адидас“, познатиот гигант за спортска опрема.

 

- Оглас -

Најнови вести