Гнабри има корона-вирус, Баерн ослабен против уништувачот на европски прваци

Баерн Минхен нема да смета на услугите на Серж Гнабри на утрешниот дуел со Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите. Гнабри, кој во минатата сезона беше еден од најзаслужните за европската титула на Баварците, сезонава ќе треба да почека на дебито бидејќи од клубот објавија дека е позитивен на ковид-19.

Баерн објави кратко соопштение во кое стои дека Гнабри има корона-вирус, но се чувствува добро и се наоѓа во домашен карантин.

Отсуството на Гнабри не е пријатна вест за тренерот Ханси Флик за дуелот кој им претстои против Атлетико Мадрид, тим кој сезонава не знае за пораз и тим кој во минатата сезона го елиминираше тогашниот европски првак Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести