Гнасни закани од навивачите на Баерн, ги објави сопругата на Салихамиџиќ: Ако не си замине, ќе ве заколеме (Фото)

Навивачите на Баерн не можат да се помират со елиминацијата од Вилјареал во четвртфиналето во Лигата на шампионите, па упатија и гнасни закани, особено кон Хасан Салихамиџиќ.

Популарниот Брацо е спортски директор на Баварците и дел од навивачите на гигантот го сметаат за главен виновник за сензационалното испаѓање во двомечот со Жолтата подморница.

Сопругата на Салихамиџиќ, Естер Копадо, објави на социјалните мрежи една од заканувачките пораки што ги доби семејството.

„Ако Брацо не си замине од Баерн, ќе употребиме нож за тебе и за синот. Се гледаме наскоро“, е само една од застрашувачките пораки за семејството Салихамиџиќ.

Синот на Салихамиџиќ игра за вториот тим на Баерн, а и тој доживеал непријатности и има закани и за него, но им одговори на културен начин.

„Лудо е како вие го менувате постојано вашето мислење. Лудо е кога не знаете или немате храброст да го пофалите мојот татко за успесите, но секогаш кога ќе се случи некој пораз, се нафрлате на него и го тероризирате моето семејство. Застанете веќе еднаш со својот клуб и кога е лошо“, напиша Ник Салихамиџиќ на „Инстаграм“.

 

- Оглас -

Најнови вести