Го бара пола Европа, тој одлучи прво да го засили Сенегал

Бубакар Камара е еден од најдобрите млади фудбалери на својата позиција, последен играч за врска, и за него интересот на клубови од Топ-5 лигите е голем, но тој прво одлучи да го засили Сенегал.

Камара, кој има 22 години и игра одлично за Олимпик Марсеј, оцени дека тешко може да игра стандардно за актуелниот светски првак Франција, каде што конкуренцијата е огромна, па одлучи да игра за првакот на Африка на Мундијалот во Катар.

Како што објави „Л`Екип“, Камара веќе ја прифатил понудата на земјата во која се родени неговите родители и ќе игра за Сенегалците во Катар.

Тој ги мина сите младински селекции на Франција, но нема настап за А селекцијата, со тоа и никакви пречки да настапува за Сенегал.

За Камара, кој е проценет на вредност од 25 милиони евра, најзаинтересиран е Манчестер јунајтед и лесно може да се случат две промени за 22-годишното момче во 2022 година да стане репрезентативец на Сенегал и играч на Црвените ѓаволи.

 

- Оглас -

Најнови вести