Го чекаа 8 месеци да заигра, им се претстави со фантастични голови (Видео)

Доминик Собослаи мораше да чека цели 8 месеци за да и се претстави на публиката во Лајпциг, а дебито на „Ред Бул арена“ во бундеслигашки меч му беше брилијантно со два фантастични гола во победата против Штутгарт со 4:0.

Во 38. минута најскапиот унгарски фудбалер во историјата упати вистински проектил што беше недостижен за голманот на Штутгарт, Флоријан Милер.

Голот на Собослаи за 1:0 можете да го погледнете ОВДЕ.

Вториот погодок на Унгарецот, трет на мечот беше уште поубав, а ремек-делото од слободен удар ги изненади сите на „Ред Бул арена“ во Лајпциг.

RB Leipzig [3]-0 Stuttgart – Szoboszlai 52′ (Great Free kick) from soccer

Собослаи во декември лани се пресели од Салцбург во Лајпциг со петгодишен договор што чинеше 20 милиони евра, сума што е највисока досега за унгарски фудбалер.

Можеше да игра од јануари годинава, но се повреди и го пропушти целиот тек од вториот дел од сезоната во ланското издание на Бундеслигата.

Играше во првото коло во ова издание на Бундеслигата за Лајпциг на гости кај Мајнц, а влезе во игра во 64. минута, за деби во германското првенство.

Вечерва дебитираше пред домашната публика во Лајпциг во бундеслигашки меч и беше најдобар на теренот со два прекрасни гола.

По еден погодок за актуелниот вицешампион на Германија постигнаа и Емил Форсберг и Андре Силва во убедливата победа од 4:0 против Штутгарт.

 

 

- Оглас -

Најнови вести