Го достигна дното: Балотели се сели во Серија Ц?

Марио Балотели по крајот на сезоната ќе ја напушти Бреша, која не успеа да се задржи во елитата и ќе се пресели во Серија Б. Неговата иднина засега е неизвесна, но произлегоа информации дека некогашната ѕвезда на Интер и Манчестер сити преговара со италијанскиот третолигаш Комо.

Балотели ќе го достигне дното во кариерата доколку само на 29 години се пресели во Серија Ц. Комо не е екипа која се бори за пласман во повисокиот ранг, туку е меѓу средните екипи во групата А од третата лига.

Извршниот директор на Комо, Мајкл Гандлер, ги потврди контактите со претставниците на Балотели, меѓутоа не откри детали.

„Она што можам да го кажам е дека имавме средба со претставниците на Балотели“, изјави Гандлер за италијанските медиуми.

Инаку, Комо е во сопствеништво на еден од најбогатите индонезиски бизнисмени Роберт Буди Хартоно, кој е „тежок“ 18 милијарди долари.

- Оглас -

Најнови вести