Го фатија со лажен Ковид сертификат и го избркаа, легендарен клуб во Германија одлучи да му даде втора шанса

Маркус Анфанг е нов тренер на Динамо Дрезден, иако се уште е со условна казна по скандалот лани во ноември кога користеше лажен Ковид сертификат.

Легендарниот клуб од Дрезден одлучи да му даде втора шанса на тренерот кој мораше да си поднесе оставка во финишот на минатата година, тогаш како кормилар на Вердер Бремен.

Анфанг, кој има 47 години и не е непознато име во германскиот фудбал, бидејќи беше играч на Баер Леверкузен, Фортуна, Шалке 04, Кајзерслаутерн и уште неколку познати клубови беше суспендиран на една година и плати 36 илјади евра казна.

Се обиде да користи лажен Ковид сертификат како тренер на Вердер, но беше фатен на дело и казнет.

Се уште има условна казна, но раководството на Динамо Дрезден верува во него и му ја даде довербата да биде тренер на 8-кратниот првак на некогашна Источна Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести