Го имитираше Симеоне и доби црвен картон (Видео)

Напаѓачот на Прато, Рикардо Морео, доби црвен картон откако по постигнувањето на голот, прославуваше со покажување кон своите гениталии, нешто слично како тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по голот против Јувентус во Лигата на шампионите. Ова се случи на дуелот од италијанската Серија Д помеѓу Прато и Вијареџо.

За среќа, црвениот картон на Морео немаше големо влијание, па неговиот тим славеше победа од 2-1.

Симеоне по прославата објасни дека сакал да покаже дека неговиот тим играл храбро, „со мадиња“, па затоа не се контролирал и се однесувал некултурно. Потоа се извини, но УЕФА не му прости и покрена дисциплинска постапка, па можеби и нема да смее да го води тимот на реваншот во Торино.

Еве како Морео го прослави погодокот и заслужи исклучување:

- Оглас -

Најнови вести