Го истетовирал Рамос, но повеќе личи на Меси (Фото)

Еден навивач на Реал Мадрид се одлучи да го истетовира ликот на капитенот на Кралскиот клуб, Серхио Рамос и да го носи за цел живот. Рамос веќе е легенда на клубот, има 600 настапи за Реал и преку 20 освоени титули, па затоа е и меѓу омилените кај навивачите.

Сепак, навивачот кој решил да го тетовира ликот на Рамос најеверојатно погрешно го одбрал тату мајсторот. Откако навивачот се пофалил на социјалните мрежи со својата нова тетоважа, стигнале и првите реакции. Според некои, ликот на тетоважата многу повеќе личи на Оливие Жиру, а други велат дека наместо капитенот на Реал, на тетоважата е најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси.

Проценете сами дали ликот на тетоважата најмногу изгледа на Рамос или на некој сосема друг фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести