Го личи ли Јувентус да носи бело-црвен дрес?

Екипата на Јувентус во следната сезона ќе игра со многу поразлични дресови од тие што ги носеше досега, а освен тоа што е сменет главниот дрес, изненадија со изборот на втората комбинација, додека за третиот се знаеше дека е биде темно-син.

На вториот дрес на Јуве, доминира белата боја, но интересно е што никаде ја нема црната, туку амблемот на производителот, името на спонзорот и логото на клубот, се во црвена боја. Навивачите веднаш реагираа дека дресот не е лош на изглед, но не му личи на Јуве да игра во бело-црвена комбинација. Сепак, ниту еден од ривалите на „старата дама“ во Италија нема таква комбинација на бои на дресовите, па веројатно полесно ќе биде проголтано.

- Оглас -

Најнови вести