Го минаа најдолгиот пат и уриваа рекорди, а вечерва конечно победија и тоа со играч помалку

Џенова конечно успеа да победи во Серија А, по низата од 26 меча без триумф и со седум нерешени по ред, а на „Луиџи Ферарис“ падна Торино и тоа со играч повеќе.

Маноло Портанова погоди во 14. минута за домаќините, доволно за победа, само втора за Џенова во Серија А сезонава.

Само 10 минути подоцна исклучен беше Остигард кај Џенова, но Торино не успеа да се спаси од пораз и Џенова прекина две неверојатни серии.

Во исто време од 21 часот во Ла Лига во Шпанија, Атлетик Билбао и Хетафе одиграа нерешено 1:1.

- Оглас -

Најнови вести