Го одби повикот за настап на СП затоа што не беше дел од квалификациите

Повиткот за настап на Светско првенство во репрезентативниот дрес веројатно преставува сон за секој фудбалер. Сепак, има неверојатни исклучици. Познатиот француски напаѓач Одсон Едуар одби повик во репрезентацијата на Хаити за Светското првенство.

Играчот на Ленс беше искрен како никој досега и рече дека не сака да заземе ничие место затоа што не бил дел од репрезентацијата за време на квалификациите кога Хаити се бореше да се избори да биде дел од завршницата на планетарниот собир.

„Не! Не чувствувам дека би било исправно и прифатливо јас да играм на Светско првенство, затоа што таму има фудбалери кои биле дел од квалификациите. Не сакав да дојдам во последен момент и да ја искористам шансата да играм на Светско првенство. Ако треба да играм на СП, тоа треба да го заслужам“, категорично рече 28-годишниот Едуар.

Ваквите луѓе се вистинска реткост во денешниот не само фудбал, туку во целокупното општество. Хаити се избори за прв, дебитантски настап на СП, а ќе биде во група со селекциите на Бразил, Мароко и Шкотска.

 

 

- Оглас -

Најнови вести