Го одбив Арсенал затоа што со Њукасл сакам да ја освојам Лигата на шампионите

Бруно Гимараеш вчера и официјално беше претставен како нов играч на Њукасл. Бразилскиот играч за врска доаѓа на „Сент Џејмс парк“ од Олимпик Лион, и тоа за сума од 42 милиони евра. Гимараеш потпиша договор до 2026 година и верува дека со Њукасл ќе има голем успех, па дури го спомна и освојувањето на Лигата на шампионите.

„Имав понуда од Арсенал, но ја одбив. Челниците на Њукасл беа искрени во преговорите и рекоа дека главна цел за оваа сезона е да изборат опстанок во Премиер лигата, но дека во иднина целта е да се освои Лигата на шампионите. Тоа е и моја желба и верувам во овој проект. Верувам дека Њукасл ќе биде значајна сила во европскиот фудбал. Ова е голем клуб со голема историја“, рече Гимараеш.

Њукасл моментално се наоѓа на претпоследното место во Премиер лигата само со еден бод помалку од Норвич, екипа која е во зоната што носи опстанок. Њукасл вечерва на свој терен игра против Евертон.

- Оглас -

Најнови вести