Го одигра првиот меч откако призна дека е хомосексуалец и не можеше да верува каков дочек ќе има на стадион (Видео)

Пред само неколку дена, чешкиот фудбалер Јакуб Јанкто призна дека е хомосексуалец. Јанкто се обрати преку соцојаните мрежи, кога порача дека веќе не сака да се крие.

„Како и сите други, имам добри особини, но и недостатоци. Имам семејство, имам пријатели, имам работа во која веќе со години се обидувам да го дадм најдоброто. Истотака сакам да го живеам мојот живот слободно. Без стравови. Без предрасуди. Без насилство. Со љубов. Јас сум хомосексуалец и веќе не сакам да го кријам тоа“, беше пораката на Јанкто.

Неколку дена по оваа негова порака, Јанкто имаше голем предизвик, а тоа е да се појави на фудбалскиот терен во дресот на Спарта Прага, каде што игра како позајмен играч од Хетафе.

Јанкто во игра влезе во 70 минута, а кога влезе на теренот, навивачите на Спарта Прага го дочекаа со аплауз и скандирање на неговото име. До крајот на средбата, навивачите со аплауз го поздравуваа секој допир на топката на Јанкто.

- Оглас -

Најнови вести