Го одведе Тигрес до финале на Светското клупско првенсто и го одржа зборот

Андре-Пјер Жињак, искусниот француски напаѓач на Тигрес кој стана голема фудбалска ѕвезда во Мексико, се согласи на нов тригодишен договор со клубот, што е потврда дека таму ќе ја заврши кариерата.

Жињак е херој на Тигрес откако го предводеше мексиканскиот клуб до првата титула во КОНКАКАФ Лигата на шампиони во 2020 година, а потоа му помогна на тимот да стигне до првото финале на Светското клупско првенство, каде што пред неполн месец загуби од Баерн Минхен.

Очигледно, Жињак не се шегуваше кога пред извесно време посочи дека сака да ја заврши кариеарата токму во Тигрес, каде што е клупски рекордер со 147 погодоци. На 35 години, Жињак потврди дека уште може да игра на врвно ниво и ќе продолжи да биде значаен адут во екипата.

- Оглас -

Најнови вести