Го осудија на шест години затвор поради шверц на 1,3 тони кокаин, а тој без проблем игра во Русија

Некогашниот холандски репрезентативец Квинси Промес е осуден на шест години затворска казна поради шверц на дрога. Промес минатиот мај беше осомничен дека учествувал во криминална група која шверцувала 1,3 тони кокаин и тоа во два случаи. При првиот транспорт се работело за 650 килограми дрога, а потоа во втората тура имало 713 килограми кокаин.

Фудбалерот бил дел од групата која била пресретнета од белгиската полиција во Антверпен во 2020 година, а веднаш потоа било подигнато обвинение. Промес е обвинет за увоз и извоз, трговија и поседување дрога која е произведена во Бразил, а пристигнала во Антверпен.

Обвинителството првично бараше девет години затвор за Промес, но таа казна е намалена на шест години, иако фудбалерот никогаш не се појави пред судот. Промес моментално е во Русија, каде што настапува за Спартак Москва и без никакви проблеми тренира и игра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести