Го победи ракот па го елиминира Манчестер јунајтед: Поради ова продолжив да играм фудбал

Екипата на Мидлзборо го елиминираше големиот Манчестер јунајтед на пенали и се пласираше во осмина-финалето од ФА купот на Англија.

Тимот од втората, Чемпионшип лига на Олд Трафорд искочи бес респект за противникот а резултатот по 90 односно 120 минути беше 1:1, а Бамба беше еден од играчите кои што погодија во пенал-серијата за победа од 8:7.

Еден од хероите на Мидлзборо беше дефанзивецот Сол Бамба, кој што на почетокот на минатата година му беше дијагностициран рак.

„Поради вакви моменти продолжив да играм фудбал и тоа ќе го правам додека го можам. Сакав да шутирам пенал и за моја среќа го погодиов.

Вакви работи може да режира само фудбалот и никој друг спорт. Благодарност и до нашите навивачи кои во огромен број дојдоа на овој стадион, а целиот процес на хемотерапија, болките кои ги имав се исплатеа за вакви моменти“ изјави Бамба.

Тој во мај 2021 успеа да ја добие оваа битка, а минатото лето си обезбеди трансфер во Мидлзборо, каде што игра одлично.

 

- Оглас -

Најнови вести