Го победија вирусот, па одредија датум за враќање на тренинг

Валенсија беше еден од најпогодените фудбалски клубови откако околу 35% од членовите кои пристуствуваа на мечот против Аталанта во ЛШ се заразија со Коронавирусот. Пред неколку дена беше прогласена победа, сите заразени членови, меѓу кои имаше и важни играчи од првиот тим, целосно се излечија, а од нивниот табор се појави информација дека планираат да се вратат на трениг.

Играчите на Валенсија ќе им се вратат на клупските обврски на 13 април, само 24 часа по назначувањето крај на вонредната состојба во Шпанија. Шпанските медиуми тврдат дека во клубот веќе никој не е заразен, последните тестирања донеле негативни резултати.

Тренинзите ќе се одржуваат во мали групи, со тоа што играчите ќе се држат до препораките за растојание.

 

- Оглас -

Најнови вести