Џа Морант од Мемфис гризлис е главна ѕвезда на вечерта во НБА-лигата откако со 33 поени го предводеше својот тим до победа на гостувањето кај Феникс санс во супердраматичен меч.
На пет секунди до крајот, Девин Букер со тројка од далеку им донесе водство на Сонцата од 113-112, но последниот збор го имаше Морант, кој ја замолчи публиката на 0,5 секунди до крајот со кош од тешка позиција.
По натпреварот, Морант својот дрес му го подари на таткото на ѕвездата на Санс, Крис Пол. Феникс за првпат сезонава има два порази по ред.
Бруклин славеше во Лос Анџелес против клиперс со 124-108, а Џејмс Харден имаше 39 поени и 15 асистенции.
Ова е погодокот на Морант од повеќе агли:
Ja Morant drives, hangs, switches hands and gets it to on his way down, FOR THE @memgrizz WIN! pic.twitter.com/GnTl4RbAEJ
— NBA (@NBA) December 28, 2021