Интер незадржливо граби кон освојување на титулата во Серија А откако убедливо со 3:0 го победи Калјари и направи да има двоцифрена предност во однос на најсерозните кандидати во трката за Скудетото. Меѓу стрелците за Интер се запиша и италијанскиот репрезентативец Николо Барела, кој веднаш по мечот испрати емотивна порака кон сега веќе поранешниот селектор на Италија, Џенаро Гатузо.
Гатузо доби отказ откако Италија не успеа да се пласира на Светското првенство.
„Овој гол му го посветувам на Гатузо. Тој е една од најдобрите личности што сум ги запознал во фудбалот. Не ја заслужи оваа ситуација и разочарувањето што ни се случи. Среќен сум што го имав за тренер во мојата кариера“, рече Барела.
По елиминацијата од БиХ, Гатузо воопшто не се вратил во Италија туку заминал во Шпанија, каде што моментно престојува, а неговото враќање на Апенините засега е неизвесно.

