Го тетовираше Марадона, а еден ден подоцна легендата го напушти клубот

Еден навивач на Гимнасија ла Плата реши да го истетовира ликот на легендарниот Диего Армандо Марадона, а тоа се покажа дека го направи во погрешен момент. Марадона речиси пред два месеца дојде да биде тренер во Гимнасија и успеа да ја врати екипата во живот.

Со Марадона на чело, тимот победи на три од последните пет меча, но сепак легендарниот Диего Армандо реши да си замине. Одлуката за заминување од Гимнасија, Марадона ја кажа само по еден ден откако навивачот го истетовира неговиот лик.

 

- Оглас -

Најнови вести