Го замени Стефан Ристовски во Спортинг, сега го бараат Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид

Шпанскиот репрезентативец Педро Поро може да биде една од ѕвездите на летниот преоден рок по интересот од трите шпански гиганти, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, за десниот бек на Спортинг Лисабон.

Поро, кој има 22 години, беше една од причините за заминувањето на Стефан Ристовски од Спортинг на почетокот на ланската година.

Шпанскиот фудбалер пристигна во август 2020 како позајмен играч од Манчестер сити и веднаш беше форсиран како десен бек на местото на Ристовски.

Нашиот репрезентативец и актуелен капитен на Македонија си замина шест месеци подоцна од Спортинг и се пресели во Динамо Загреб.

Поро одигра одлична прва сезона и со Спортинг стана првак на Португалија по пауза од 19 години, а шпанскиот репрезентативец се најде во идеалниот тим на сезоната.

Веднаш го привлече вниманието на Реал Мадрид и на Атлетико, а сега шпанските медиуми пишуваат дека и Барселона е заинтересирана, но цената е висока.

Спортинг пред неполн месец го откупи договорот на Поро од Манчестер сити за 8,5 милиони евра, потпиша тригодишен договор со десниот бек со отштетна клаузула од 45 милиони евра, но интересно е што сега Лавовите од Лисабон би го продале и за 35 милиони евра.

https://twitter.com/FR_SportingCP/status/1531692497344266246?s=20&t=imkwu59-rgKQiKD7WHrFgg

Поро има само еден настап за Шпанија, но трансфер во Реал, Барса или Атлетико драстично ќе му ги зголеми шансите да се најде на списокот со патници за Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести