Годин ги помина медицинските прегледи, од јули ќе биде играч на Интер

Диего Годин и дефинитивно ќе биде нов член на Интер по крајот на оваа сезона, откако искуниот уругвајски дефанзивец ги помина медицинските прегледи. Тој веќе се согласи на двегодишен договор според кој ќе заработува 5.5 милиони евра по сезона, а во договорот стои опција да се продолжи истиот на уште една дополнителна година.

Капитенот на Атлетико Мадрид по девет години и преку 370 настапи во црвено-белиот дрес ќе ја напушти шпанската метропола и кариерата ќе ја продолжи во Серија А. Откако раководството и агентот на Годин не можеа да се договорат за обнова на соработката, фудбалерот одлучи дека е време да ја смени средината. Годин и на 32 години се смета да еден од најдобрите дефанзивци во Европа, а Интер ќе добие многу квалитетно засилување за одбраната, и покрај тоа што во составот ги имаат Шкрињар, Де Врај и искусниот Миранда.

Годин е еден од тројцата дефанзивци на Атлетико на кои по крајот на оваа сезона им истекува договорот, засега не е познато дали Хуанфран и Фелипе Луис ќе останат на „Ванда Метрополитано“ и следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести