Годинава нема да се бира најдобар фудбалер, одлучи ФИФА

ФИФА одлучи да ја откаже церемонијата за доделување на Тhe Best, наградата со која се прогласува најдобриот фудбалер во тековната година. Пандемијата со корона-вирусот го прекина спортот цели два месеци оставајќи ја сезоната 2019/20 некомплетирана, па затоа нема да се бира најдобар фудбалер и фудбалерка за 2020 година.

Церемонијата традиционално се одржува во септември, во Милано како одбрано место да се одржи настанот, меѓутоа годинава тоа нема да се случи, па Лионел Меси останува на тронот во машка конкуренција, додека кај жените е Американката Меган Рапино.

Допрва треба да се одлучува дали и „Франс фудбал“ ќе го примени тоа со наградата Златна топка, церемонија која обично се одвива кон крајот на годината. Веројатно ќе се одложат и наградите од УЕФА, кои се доделуваат секој август при ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите. Под знак прашалник е и доделувањето на Златната копачка од страна на Светската фудбалска асоцијација.

- Оглас -

Најнови вести