Ѓоковиќ донел одлука: ќе игра, дури и ако лекарите му кажат дека не треба да игра!

Новак Ѓоковиќ вечерва од 19 часот треба да го одигра својот полуфинален натпревар против Лоренцо Музети на олимпискиот турнир во Париз.

Повредата на која се жалеше во текот на четвртфиналниот дуел со Стефанос Циципас, ги загрижи фановите на српскиот тенисер. Популарниот Ноле успеа да го преброди проблемот, и не само што го одигра мечот, туку и го доби и влезе во битка за освојување на медал.

Ѓоковиќ кој е најстариот полуфиналист во историјата на олимписките турнири, многу посакува да освои злато, единственото вредно нешто во тенисот кое досега го нема освоено. Затоа, решен е и да ризикува.

„Дури и ако лекарите ми кажат дека коленото не ми е добро, веројатно ќе излезам на теренот и ќе се обидам. Имам ретка можност да се борам за медал за мојата земја, па ќе направам се што е можно во следните 24 часа да бидам во позиција да се борам за медал за Србија“, изјави синоќа Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести