Ѓоковиќ дозна кои му се ривали во Токио

Новак Ѓоковиќ реши да игра на Летните олимписки игри, додека Рафаел Надал и Роџер Федерер го откажаа учеството на најголемиот спортски настан. Најдобриот тенисер во светот оваа година атакува на Златен слем, откако Србинот веќе триумфираше на гренслем-турнирите во Мелбурн, Париз и Лондон. Сега Ѓоковиќ атакува на златото и на Игрите во Токио, а последна цел ќе му биде да биде најдобар и на УС Опен.

По направената ждрепка за тенискиот турнир, Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Уго Делјен од Боливија, а ако го победи него, во следната рунда за ривал ќе го има подобриот од мечот Штурф од Германија и  Монтеиро од Бразил. Потенцијални ривали на Ноле во четвртфиналето му се Андреј Рубљов од Русија и Германецот Алекс Зверев.

На другата страна од „костурот“ на овој турнир се Русинот Данил Медведев и Гркот Стефанос Циципас, што значи дека еден од овие двајца тенисери се можни ривали на Ѓоковиќ во евентуалното учество во финалето.

Во Отворената ера на тенисот никој досега не успеал да ги освои сите четири гренслем-турнири во една година. Пред Отворената ера, тоа му успеало само на легендарниот австралиски тенисер Род Левер, и тоа два пати, во 1962 и 1969 година. Ѓоковиќ оваа година цели уште подалеку од Левер. Србинот сака да ги освои сите четири гренслем-турнири, но и златото на ЛОИ во Токио.

 

- Оглас -

Најнови вести