Ѓоковиќ е голем противник на вакцина за КОВИД-19!

Славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, има дилема дали ќе се вакцинира против корона-вирус, ако вакцинирањето стане задолжително за тенисерите пред продолжување на сезоната. Тој е против вакцинацијата, и со таа изјава предизвика реалични реакции.

„Лично јас сум против вакцинацијата и не би сакал да бидам принуден да се вакцинирам за да можам да патувам. Но, ако тоа стане задолжително, ќе треба да одлучам што да правам. Имам сопствено мислење за ова прашање, и не знам дали тоа ќе се промени во иднина. Хипотетички, ако сезоната продолжи во јули, август или септември, иако тоа во моментов изгледа неверојатно, разбирам дека вакцината ќе стане потреба по излегувањето од карантин, но која вакцина ќе се дава? Уште нема вакцина против корона. Јас сум за засилување на имунитетот, за редуцирање на можноста од зараза, никој не зборува за тоа. Имунитетот помага во борба и со останатиѕе зарази“ – рече Ноле.

Медицинските експерти сметаат дека вакцината против респираторниот вирус нема да биде готова до следната година, па неизвесно е дали ќе има тенис до крајот на годинава.

- Оглас -

Најнови вести