Ѓоковиќ е непрепознатлив, првпат во кариерата загуби од Руд и тоа во полуфиналето на турнирот во Монте Карло

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, првпат во кариерата загуби од норвешкиот тенисер, Каспер Руд, и тоа во полуфиналето на турнирот во Монте Карло. Тоа значи дека во финалето во Монако ќе играат осмиот и 12-тиот носител, Циципас и Руд, откако успеаја да ги елиминираат двајцата главни кандидати за трофејот.

Србинот со поразот од 2-1 од Руд уште еднаш покажа дека е во лоша форма, што можеше да се забележи и на турнирот во САД. Тенисерот од Норвешка првиот сет го доби со 6-4, но во вториот Ѓоковиќ со фуриозна игра и убедливи 6-1 израмни на 1-1.

Третиот сет му припадна на норвешкиот тенисер со 6-4, откако Ѓоковиќ успеа со брејк на 1-4 да се врати резултатски во игра, но не и да направи комплетен пресврт.

- Оглас -

Најнови вести