Ѓоковиќ го откажа настапот на турнирот во Париз, на терените се враќа дури следната година?!

Српските медиуми доцна вечерва пренесуваат информација дека Новак Ѓоковиќ го откажал настапот на Мастерс турнирот во Париз. Доколку оваа информација биде потврдена, тогаш „Турнирот на шестте крала“ во Ријад ќе биде последниот настап за Србинот оваа сезона откако претходно најави дека нема да игра ниту на Мастерсот во Белград.

На Ѓоковиќ потребен му е одмор со цел што е можно подобро да се подготви за Отвореното првенство на Австралија, првиот гранслем во 2025 година, кој ќе се игра во јануари. Србинот последниот натпревар го одигра против Рафаел Надал, и тоа во борбата за третата позиција на турнирот во Ријад и успеа да го победи Шпанецот со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести