Ѓоковиќ и кога не игра, ја зголемува предноста на врвот

Новак Ѓоковиќ ја започна 423-тата недела како лидер на светската АТП-листа. Српскиот тенисер има 9.990 поени и е далеку пред Јаник Синер, кој е втор со 8.660 поени, и пред третопласираниот Карлос Алкарас со 8.145 поени.

Во изминатата недела тројцата најдобри тенисери имаа намалување на бодовите, но Ноле најмалку загуби, само 45 поени, кои минатата година ги освои на Српска опен во Бања Лука.

Ѓоковиќ не е дел од мастерсот во Мадрид, каде што играат и Синер и Алкарас, но нема шанси да му биде загрозена првата позиција и тоа сè до крајот на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести