Ѓоковиќ и Надал може да се сретнат само во финале на Вимблдон

Првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ, одбраната на титулата на Вимблдон ќе ја почне против Германецот Филип Колшрајбер, а популарниот Ноле само во евентуално финале би можел да се сретне со некоја од другите две легенди на овој спорт, Рафаел Надал или Роџер Федерер.

Ѓоковиќ и Колшрајбер одлично се познаваат, многу често играат еден против друг на турнирите, а на лондонската трева каде Ноле го кревал трофејот четири пати, Србинот ќе биде фаворит, и тоа треба да биде само загревање за него, пред наредните дуели каде ривали на патот до финалето би му биле Џазири, Лајовиќ, Монфис, Циципас и Андерсон.

Надал во второто коло може да се сретне со контроверзниот Кирјос кој во последно време често јавно плука по најдобрите тенисери на светот, па би можел да добие уште една лекција од вториот на АТП листата, а трети носител на Вимблдон.

Доколку нема елиминација на некој од првите осум носители, тогаш четвртфинални двојки би можеле да бидат: Надал – Тим, Ѓоковиќ – Циципас, Андерсон – Зверев и Федерер – Нишикори.

- Оглас -

Најнови вести