Ѓоковиќ и официјално не оди во Сиднеј!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, и дефинитивно се откажа од настап на АТП Купот во Сиднеј. На официјалната листа на тенисери кои ќе ги бранат боите на Србија се Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ, Никола Чачиќ и Матеј Сабанов, додека селектор ќе биде Иван Сабанов.

Матеј и Иван Сабанови се Хрвати кои благодарение на Ѓоковиќ добија подобри услови за работа во Србија и тие прифатија да играат за Србија.

АТП Купот започнува на 1 јануари во Сиднеј, а Србија е во Група А со Норвешка, Чиле и Шпанија.

Што се однесува до Ѓоковиќ, уште не се знае дали тој ќе настапи на првиот гренслем-турнир сезонава, Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, а со неодењето во Сиднеј дополнително се зголемуваат шпекулациите околу тоа дали Србинот ќе добие дозвола за играње во Австралија, каде што може да играат само тенисери кои се вакцинирани со две дози против Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести