Новак Ѓоковиќ лесно го прегази Тенис Сандгрен во три сета за малку повеќе од два часа игра на Ролан Гарос во Париз и се пласира во второто коло на познатиот гренслем што се игра на земјена подлога.
Првиот сет му припадна на првиот носител на турнирот за малку повеќе од половина час со резултат 6:2, а најголема битка имаше во следниот сет.
Ѓоковиќ направи брејк веднаш на стартот и потоа не дозволи изненадување и рибрејк, па со 6:4 го доби и вториот сет, по што спласна отпорот на Американецот.
Сандгрен повторно остана само на два гема и во третиот сет, исто како и во првиот, и се прости од настапот на турнирот.
Ѓоковиќ интересно ќе игра против Пабло Куевас во втората рунда на Ролан Гарос, а Уругваецот конечно на 35 години дочека првпат да му излезе на мегдан на најдбриот тенисер на светот во моментов.
Досега Новак не играл ниту еден меч на АТП-турнирите со 92-рорангираниот светски тенисер, па задутре ќе се случи сефте дуел меѓу него и Куевас.