Ѓоковиќ како брз воз стигна до четвртфиналето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ го совлада Кристијан Гарин во три сета со 6-2, 6-4, 6-2 и рутински се пласира во четвртфиналето на Вимблдон. Првиот светски рекет и актуелен бранител на британското Отворено првенство направи нов чекор кон 20-тата гренслем-титула, а Чилеанецот немаше никакви шанси да приреди какво било изненадување.

Само за 25 минути Ѓоковиќ дојде до водство од 1-0 откако му одзеде два сервиси на противникот, но мораше малку повеќе да се помачи за да го добие и вториот сет. На Гарин му стана јасно дека нема простор за сензација, па Новак за брзо дојде до предност од 4-1 во гемови и чекаше на свој сервис да слави во „лудиот понеделник“ и пласманот во 12-тото финале на неофицијалното светско тениско првенство.

Во битка за пласман во полуфиналето, Ѓоковиќ го чека подобриот од дуелот меѓу Фушович и Рублев, каде што се игра петтиот решавачки сет. Првиот четвртфинален пар е Карен Хачанов против Денис Шаповалов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести