Ѓоковиќ ќе го загуби првото место на АТП-листата ако не стигне до финале на „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ денеска ја почна 425-тата недела во кариерата како првопласиран на АТП ранг-листата на најдобри светски тенисери.

Српскиот ас ќе остане прв најмалку до „Ролан Гарос“. Францускиот гренслем се игра од 20 мај до 9 јуни. Но, на 10 јуни може да дојде до промена на врвот и Јаник Синер да стане прв Италијанец во историјата кој бил лидер на АТП-листата.

Ѓоковиќ во моментов има 1.090 поени повеќе од Синер, но на „Ролан Гарос“ каде што е актуелен првак од лани, Новак брани 2.000 поени, додека Синер само 45. Ова значи дека дури и Синер да не настапи на „Ролан Гарос“, ќе биде прв на АТП-листата доколку Ѓоковиќ не стигне до финалето.

Постои опција и Ѓоковиќ да остане прв и со пораз во финалето во Париз, но во тој случај Синер не смее да стигне до четвртфинале.

- Оглас -

Најнови вести