Ѓоковиќ конечно се радуваше и против тенисерот од кој само губеше досега

Новак Ѓоковиќ во третиот обид конечно го победи својот сонародник Филип Крајиновиќ. Во меч од осминафиналето на Мастерсот во Рим, светскиот рекет број 1 победи со 7:6 (7) и  6:3. Ноле важеше за голем фаворит, но историјата покажуваше нешто друго.

Во претходните два меѓусебни меча на овие тенисери, Крајиновиќ има две победи. Пред 10 години прв пат играа на Србија Опен кога Филип победи откако Новак го предаде мечот поради повреда. Повторно играа годинава на ревијалниот турнир Адрија Тур, кога Крајиновиќ победи со 2:1 во сетови. И денеска, Новак се намачи, мечот траеше повеќе од два часа, а фаворитот успеа да му направи само еден брејк на сонародникот.

Ѓоковиќ никогаш во претходните 14 сезони не испаднал пред четвртфиналето во Рим, па така ќе биде и сега.

 

- Оглас -

Најнови вести