2.8 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Ѓоковиќ лесно победи и го израмни рекордот на Федерер

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако без поголеми проблеми со 3:0 во сетови го победи шпанскиот тенисер Педро Мартинез. Во сите три сетови, Ноле беше убедлив и ги доби со 6:3, 6:2 и 6:2.

Турнирот во Мелбурн е омилениот гренд слем за српскиот тенисер, затоа што тука има рекордни 10 титули. Ѓоковиќ ја брка рекордната 25-та гренд-слем титула, а вкупно 101 во кариерата.

Со денешниот настап, Ѓоковиќ го израмни и рекордот на Роџер Федерер за најмногу настапи на гренд слем турнири. Ова за него е 81-ви Гренд слем турнир во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести