Ѓоковиќ: Му честитам на Синер, денеска беше предобар и пребрз за мене

Новак Ѓоковиќ призна дека бил надигран од Јаник Синер, а имаше и специјална порака за Роџер Федерер кој заедно со Карлос Алкараз го следеа финалето во Шангај.

„Секоја чест за Јаник, беше предобар, пребрз и прејак за мене. Честитки, го заслужи ова“ – изјави Новак.

Потоа Србинот се сврте кон делот од трибините каде што беше и ложата на Синер, а таму беа неговите поранешни тренери, им се заблагодари и на нив. На крај, имаше порака и за Федерер.

„Честитки за тимот на Јаник, познавам некои момци таму. Познати фаци, честитки, одличен тим сте. Исто така, добро е да се види Роџер. Не сум навикнат да те гледам на трибини, посакувам да си тука на теренот, да играме. Веројатно првпат играм пред тебе. Имав дополнителен притисок“, рече Ѓоковиќ.

Синер одигра супер, но не сакаше да се фали самиот, туку искажа компименти за Ѓоковиќ.

„Играњето против Новак е една од најтешките работи во спортот. Тој сервираше одлично во првиот сет, не можев да најдам начин да го скршам. И кога направив брејк во вториот сет, станав посамоуверен“, изјави Синер кој има четири победи на последните пет дуели против Новак.

„Тешко е да се каже во што е тајната бидејќи тој нема никакви слабости. Само треба да ги искористите неколкуте можности кои ви се појавуваат, а ги нема многу. Тој е легенда на нашиот спорт“, рече Италијанецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести